Михаило Шејкероски – Шани ново засилување во стручниот штаб на Ратко Достаниќ
Михаило Шејкероски – Шани е ново име во стручниот штаб на ФК Работнички. Младиот и докажан стручњак, кој има богато меѓународно искуство ќе биде задолжен за физичката подготвеност на фудбалерите на Работнички и е засилување во стручниот штаб на Ратко Достаниќ.
Во Македонија има работено во Металург и во Академија Пандев, а последните неколку години работеше во бугарски прволигашки клубови, Ботев Пловдив, Локомотив Пловдив, Септември Софија.