Два гола на Муарем Муарем за триумф над Охрид
Фудбалерите на Работнички триумфираа со 2-1 на третиот пријателски натпревар за време на подготовките покрај Охридското езеро. „Романтичарите“, по победата над Пелистер и поразот од Шкендија, сега славеа против второлигашот Охрид.
Сите три погодоци на мечот беа во првото полувреме. Творец на победата за Работнички беше засилувањето Муарем Муарем кој со два гола донесе предност од 0-2 за нашиот тим, потврдувајќи дека ќе биде големо засилување за составот на Ратко Достаниќ во новата сезона.
Почесениот погодок за охриѓани го постигна Александар Целески.