Работнички ќе гостува во Ѓорче Петров во првото коло од новиот шампионат
Новиот шампионат на Македонија ќе стартува на 9.август, а на премиерата Работнички ќе ги одмери силите со Македонија ЃП на стадионот во Ѓорче Петров. Денеска во просториите на ФФМ беше одреден ждребот за двојките од првото коло во сезоната 2020/21 во Првата фудбалска лига.
На останатите натпревари се среќаваат:
Шкупи – Шкендија
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга Трим Љум