Фахрудин Ѓурѓевиќ една година во Работнички
Пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, ФК Работнички договори уште едно засилување за нападот на тимот, поранешниот младински репрезентативец Фахрудин Ѓурѓевиќ.
28-годишниот Ѓурѓевиќ, кој доаѓа од редовите на чешки Храдец, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“.
Претходно во својата кариера Ѓурѓевиќ има настапи и за Македонија ЃП и Вардар во македонското првенство, како и за Спартак Суботица во Србија, Градачац во БиХ и Варнсдорф во Чешка.