Работнички го доведе српскиот напаѓач Лука Чумиќ
Работнички го засили нападот со српскиот интернационалец Лука Чумиќ. Тој потпиша тригодишен договор со нашиот клуб и веднаш се приклучува во работата со тимот. Чумиќ (19) првите фудбалски чекори ги има направено во академијата на Партизан, потоа продолжил да се развива во српските клубови Врчин, Рад и во Металац. Македонската Прва лига и дресот на Работнички за него ќе бидат прв интернационалец предизвик.
Тимот на Работнички се подготвува за првенствениот меч против Пелистер како дел од третото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. По првите две кола, нашиот тим има три освоени бода.