Реми без голови против Пелистер во Битола
Работнички ремизираше без голови против Пелистер во Битола во третото коло од Првата фудбалска лига. По ова, тимот на Ратко Достаниќ има четири бода и се наоѓа на шестата позиција на табелата.
Под „Тумбе кафе“ се играше борбено, но без посериозни шанси за да се отвори резултатот. Пелистер се закани преку Фазлију, возврати Ѓурѓевиќ, но не беше прецизен, а во финишот на првиот дел Горан Силјановски се обиде од слободен удар.
Во вториот дел, Маневски имаше обид кон голот на Јанков, а Јефтоски шутираше од слободен удар, но голманот на Пелистер успеа да го скроти неговиот удар.
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Стадион под Тумбе кафе. Без публика. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Ж. картони: Илиевски, Борха (Пелистер), Стојков, Петковски, Ѓурѓевиќ (Работнички).
ПЕЛИСТЕР: Талески, Илиески, Драгарски, Борха, Илиевски, Николовски, Танушев (90’ Поповски), Спиркоски, Пејаковиќ (79’ Стојановски), Фазлију (75’ Бошковски), Маневски.
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Драшковиќ, Трајковиќ, Зука, Јефтоски, Стојков (74’ Тошески), Тодоровски (57’ Муарем), Стојкоски (62’ Шаркоски), Петковски (62’ Чумиќ), Ѓурѓевиќ (74’ Станковски).