Димитар Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Вардар
Работнички во четвртото коло од Првата фудбалска лига в сабота (16.30 часот) ќе го пречека Вардар. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Куштрим Лика (Кичево). Четврти судија е Стојанче Трпчевски (Кавадарци).
За делегат на натпреварот е одреден Тони Донев (Валандово). Контролор на судењето ќе биде Коле Василев (Скопје).