Убедлив триумф на тестот со Тетекс
Работнички го совлада второлигашот Тетекс со 4-0 на пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Тимот на Ратко Достаниќ беше доминантен, постигна четири гола и ја одржа натпреварувачката форма во периодот додека првенството е во прекин поради репрезентативната пауза.
Петар Петковски беше стрелец на првиот гол, а Работнички со водство од 1-0 замина на полувреме. Во вториот дел погодија и Максимов, Станковски и Тошески.
Работнички во петтото коло од Првата фудбалска лига ќе и гостува на Ренова во Тетово.