Стојанче Трпчевски ќе го суди мечот Ренова – Работнички
Работнички в недела ќе гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Ренова во рамките на петтото коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Душко Панов. Четврти судија е Боби Величков (Велес).
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Златановски (Куманово), а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски (Прилеп).