Петковски: На Работнички местото му е во Топ 4
Работнички оствари значајна победа (0-1) на гости против Ренова и се искачи на четвртото место на табелата со осум освоени бода. Стрелецот на победничкиот гол, Петар Петковски, вели дека местото на Работнички секако е во Топ 4 во македонскиот шампионат. Но, тоа треба да се потврдува со добри игри и успеси на секој нареден натпревар од шампионатот.
„Остваривме навистина значаен триумф. Ренова е квалитетен тим, посебно на домашен терен во Тетово и кога ќе освоите три бода можете да бидете навистина задоволни. Трениравме квалитетно за време на репрезентативната пауза и тоа веднаш донесе резултат. Местото на Работнички секако му е во Топ 4 во македонскиот фудбал. Наше е да продолжиме во ист стил и да го потврдуваме тоа на секој нареден натпревар. Сега сме веќе фокусирани на новиот предизвик, дуелот против Струга Трим Лум“, вели стрелецот на победничкиот гол против Ренова, Петар Петковски.