Работнички против Велазерими во првата рунда од Купот на Македонија
Работнички ќе гостува кај Велазерими во шеснаестфиналето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Мечот е закажан за 23. септември од 15:30 часот.
Поради пандемијата со Covid-19, натпреварувањето во Купот ќе има променет формат и се до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.
Натпреварите од првата рунда ќе се играат на 23. септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-ФИНАЛЕ)
Велазерими – Работнички
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
Кит Го – Скопје
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица