Мечот против Струга ТЛ на „Борис Трајковски“, ќе суди Марјан Гоцевски
Работнички утре (15.30 часот) ќе биде домаќин на Струга Трим Лум, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Одредени се официјалните лица за овој меч.
Главен судија е Марјан Гоцевски (Струмица), а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија е Ндерим Тефику (Куманово).
За делегат на мечот е одреден Мерсим Зендели (Гостивар), а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев (Стојаково).