Фуркан Идризи ќе дели правда на куп – мечот Велазерими – Работнички
Работнички утре (15.30 часот) ќе му гостува на Велазерими 77 во рамките на 1/16 – финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Фуркан Идризи (Тетово), а ќе му помагаат Иса Емурли (с.Шемшово) и Фатон Мустафи (Тетово). Четврти судија е Нинослав Нанков (Гостивар).
За делегат на натпреварот е одреден Драган Блажовски (Скопје), а контролор на судењето ќе биде Кире Ќулумовски (Ресен).