Работнички на пенали го елиминира Велазерими од Купот
Работнички се пласира во осминафиналето на Купот на Македонија откако на пенали беше поуспешен од домаќинот Велазерими. Во регуларниот тек мечот заврши без голови, а потоа се изведуваа пенали.
Избраниците на Ратко Достаниќ беа за нијанса подобри изведувачи на ударите од белата точка и по шест серии славеа со 3-4.
Сега тимот се фокусира кон следното искушение, првенствениот натпревар против Борец в сабота (15 часот).