Против Борец в сабота во Велес, мечот ќе го суди Марјан Гоцевски
Работнички во седмото коло од Првата фудбалска лига на Македонија в сабота (15 часот) ќе му гостува на Борец во Велес. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот е Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски (Струмица) и Зоран Саздовски (Штип). Четврти судија на мечот е Крумислав Ѓорѓиев (Штип).
За делегат на натпреварот е одреден Марјан Пишмановски (Битола), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.