Реми без голови против Борец во Велес
Работнички ремизираше без голови против во Велес во седмото коло од Првата фудбалска лига. По ова, тимот на Ратко Достаниќ има десет освоени бода по седум кола во шампионатот.
Најдобар играч на натпреварот беше голманот на Работнички, Ристо Јанков, кој успеа да одбрани неколку тешки шутеви спречувајќи го пред се Никола Радовиќ да постигне погодок на овој меч.
Муарем Муарем се обиде во третата минута со удар од далечина, но не беше доволно да се совлада Мустафа. Радовиќ во 12.минута зафати волеј-удар од десетина метри, но Јанков успеа да одбрани.
Петар Петковски во 37.минута се закани, но не беше прецизен, а во 44.минута Марио Станковски шутираше кон голот на Јанков.
Во 60.минута, Никола Радовиќ по проигрувањето на Марио Станковски излезе сам пред голманот на Работнички, шутираше од прва, но Ристо Јанков одбрани со нога. Тоа беше и најубавата шанса на натпреварот.
БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Судија: Марјан Гоцевски (СТрумица). Ж. картони: Прелчец (Борец), Зука, Силјановски, Шаркоски (Работнички).
БОРЕЦ: Мустафа, Ф. Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, М. Ристовски (78’ Ѓорѓиев), Ристески, Фернандо, Станковски (63’ Пеев), Прелчец, Радовиќ.
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Зука, Пецов, Тошески, Тодоровски, Муарем (75’ Шаркоски), Петковски, Ѓурѓевиќ (85’ Чумиќ).