Горди на историјата, ја славиме сегашноста: Среќен роденден за Херојот од Дебар Маало
Историја, традиција, гордост….Херојот од Дебар Маало се роди на денешен ден, 4.октомври во далечната 1937 година. Во витрините стојат трофеи, сведочат за шампионските денови на ФК Работнички, највозрасните се сеќаваат на почетоците, на пролетта 1937 година кога во кафеаните во Дебар Маало се родила идејата за формирање на организиран фудбалски клуб.
Сегашните генерации, раководството на клубот, но и натпреварувачкиот погон, ја имат честа да ја негуваат традицијата, да се гордеат со историјата, а исто така имаат и обврска да продолжат по патот на успесите. ФК Работнички да остане синонимот на Дебар Маало, гордоста на Скопје, но и клуб за респект во Македонија и во европски рамки.
Среќен роденден, Хероју од Дебар Маало!