Марјан Стојановски ќе го суди куп – мечот Струга Трим Лум – Работнички в среда
Работнички в среда (14.30 часот) ќе гостува во Струга во осминафиналето на Купот на Македонија и ќе ги одмери силите со Струга Трим Лум. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Марјан Стојановски (Кичево), а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија ќе биде Александар Грујоски (Кичево).
За делегат на натпреварот е одреден Мијалче Маџунаров (Штип), а контролор на судењето ќе биде Алиларџан Хаџипази (Гостивар).