Димитар Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи
Работнички утре на арената „Тодор Проески“ го пречекува составот на Шкупи. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје, а ќе му помагаат Гоце Петрески и Бранко Путилин. Четврти судија е Игор Стојчевски.
За делегат на натпреварот е одреден Бернард Симонов од Штип, а контролор на судењето ќе биде Драге Стојановски од Куманово.