Александар Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Македонија ЃП
Работнички в недела го пречекува составот на Македонија Ѓорче Петров во 12.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Четврти судија ќе биде Никола Костенчев.
За делегат на натпреварот е одреден Раман Аети од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Марјан Кировски.