Јосип Бартон ќе го суди мечот Беласица – Работнички в недела
Работнички в недела ќе гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Беласица во 13.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Јосип Бартон (Скопје), а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски (Гостивар) и Емурли Иса (с.Шемшово). Четврти судија е Игор Иванов (Велес).
За делегат на натпреварот е одреден Сулејман Ибиши (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија).