Важен триумф (1-0) над Пелистер
Работнички оствари многу важна победа (1-0) над Пелистер во 14.коло од Првата фудбалска лига. По овој триумф, нашиот тик се наоѓа на осмата позиција на табелата со 17 освоени бода.
Работнички беше подобар тим денеска на арената „Тодор Проески“. Уште на почетокот, во петтата минута Фахрудин Ѓурѓевиќ најави дека тимот на Ратко Достаниќ ќе атакува на трите бода, но неговиот шут не беше прецизен. Николовски по 20 минути игра се обиде со удар од далечина да го изненади Јанков, но шутираше над голот.
Во завршницата од првото полувреме, притисокот на Работнички даде резултат. Илиевски играше со рака во шеснаесетникот, беше досуден пенал, а во гол за водство го претвори Фахрудин Ѓурѓевиќ.
По примениот гол Пелистер се отвори во вториот дел. Кочоски со волеј-удар ја погоди пречкатаа топката потоа заврши надвор од голот.
Нето исто така имаше убава можност за Пелуистер, а Кристијан Стојкоски беше на прагот да го удвои водството, но во последен момент спаси Фазлиу на гол-линијата.
Во следното коло, Работнички го очекува градското дерби против Вардар.
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1-0 (1-0)
Арена Тодор Проески. Судија: Крумислав Ѓоргиев. Стрелец: Ѓурѓевиќ 45’ пен (Работнилки). Ж. картони: Силјановски, Зука, Стојков, Петковски, Тошески (Работнички), Николовски, Илиески, Нето (Пелистер).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Трајковиќ, Зука, Стојков, Пецов, Шаркоски 971’ Стојкоски), Станковски (84’ Јаник Дао), Тодоровски (71’ Тошески), Муарем (64’ Петковски), Ѓурѓевиќ (84’ Максимов).
ПЕЛИСТЕР: Талевски, Илиески, Драгарски, Илиевски, Нето (85’ Бошковски), Борха, Николовски, Кочоски, Спиркоски (46’ Пејаковиќ), Фазлиу (90’ Наумоски), Маневски (85’ Исмаили).