Крумислав Ѓоргиев ќе го суди мечот Струга Трим Лум – Работнички
Работнички в недела (13 часот) гостува во Струга и како дел од 17. коло во Првата фудбалска лига ќе ги одмери силите со Струга Трим Лум. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот е Крумислав Ѓоргиев од Штип, а ќе му помагаат Никола Караколев и Кристијан Џонов. Четврта судијка е Ивана Пројковска (Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Сашко Крстев од Неготино, а контролор на судењето ќе биде Зоран Николовски (Скопје).