Александар Грујоски ќе го суди мечот Работнички – Борец
Работнички со дуелот против Борец в среда го заокружува есенскиот дел од првенството. Одредени се официјалните лица за 18.коло од Првата фудбалска лига.
Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Марјан Стојановски.
За делегат на мечот е одреден Мијалче Маџунаров од Штип, а контролор на судењето ќе биде Љубе Ристевски од Демир Хисар.