Клубот ги враќа своите деца: Андреј Лазаров и Марио Станковски повторно во Работнички
Работнички ги враќа своите деца кои имаат несомнен талент и светла иднина во клубот, со надеж и за понатамошни интернационални трансфери. Андреј Лазаров и Марио Станковски се враќаат во Работнички и во иднина ќе го носат дресот на клубот од Дебар Маало.
Раководството на Работнички донесе одлука да ги врати и да им даде шанса да се наметнат со целиот свој потенцијал. Двајцата играчи се талентирани, а покажаа зрелост во играта во првиот дел од сезоната.
Андреј Лазаров го носеше дресот на Тиквеш и имаше одлична полусезона, а Марио Станковски беше член на прволигашот Борец и покажа дека е суперталентиран напаѓач.
Раководството на Работнички е фокусирано и на изнаоѓање на најдобро решение за тренерската позиција.