Христијан Грозданоски ново засилување на Работнички
Работнички го доведе и шестото засилување во зимскиот преоден рок. Нов член на нашиот клуб е Христијан Грозданоски, искусниот дефанзивец кој доаѓа од Силекс. Тој сериозно ќе ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот.
Претходно, Работнички ги доведе голманот Бурхан Мустафа, одбранбениот фудбалер Андреј Кировски, играчите за врска Марјан Ристовски и Андреј Лазаров и напаѓачот Марио Станковски.
По вчерашниот старт на зимските подготовки, тренерот Александар Влахо денеска го удвои тренажниот ритам, а во исто темпо ќе се тренира и во текот на утрешниот ден.