Реми (3-3) против Ренова на тестот во Охрид
Тимот на Работнички одигра 3-3 на пријателскиот натпревар против прволигашот Ренова на зимските подготовки во Охрид. На теренот со вештачка трева на СРЦ „Атина Бојаџи“, двете екипи одиграа офанзивно и беа постигнати многу голови.
Ренова поведе со голот на Ремзифаик Селмани во 18.минута, но безо одговори и Работнички преку капитенот Горан Силјановски. Нашиот тим дојде и до предност од 2-1 со голот на Стефан Јевтовски, а Ренова израмни во 45.минута од пенал. Реализатор беше Ремзифаик Селмани.
Во второто полувреме, Марио Станковски донесе ново водство за Работнички со погодокот во 55.минута, а Ален Јашароски погоди во 90.минута за конечни 3-3.
Работнички на овој меч настапи во следниот состав: Јанков, Грозданоски, Кировски, Ѓорѓевиќ, Силјановски, Зука, Јевтовски, Лазаров, Стојкоски, Ристовски, Ѓурѓевиќ. Уште играа: Мустафа, Петковски, Л. Станковски, М. Станковски, Тодоровски, Стојков, Пецов, Максимов, Ангелов.
Следниот пријателски натпревар Работнички ќе го одигра на 30. јануари против Струга Трим Лум.