Никола Прелчец ново засилување за Работнички
Работнички го доведе хрватскиот интернационалец Никола Прелчец. Тој потпиша договор на 18 месеци со клубот и доаѓа од редовите на Борец. Прелчец ќе ја засили конкуренцијата во нападот на тимот што го предводи Александар Влахо и е седмо засилување за Работнички во зимскиот преоден рок.
Прелчец постигна пет гола во дресот на Борец во есенскиот дел од првенството. Тој веднаш се приклучува на новите соиграчи на подготовките во Охрид.