Охрид максимално да се искористи (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Работнички ги продолжува зимските подготовки во Охрид со несмалено темпо. Стартерите од вчерашниот тест – натпревар со Струга Трим Лум (0-0) добија ден за одмор и масажа, но останатите одработија поинтензивен утрински тренинг. Тренерот Аклександар Влахо не дозволува олабавување, сите мора да бидат максимално подготвени за пролетните искушенија.
Најновото засилување Никола Прелчец полека се вклопува во екипата и јасно е дека ќе биде од огромна помош во навалната линија.
Тимот останува во Охрид до среда, кога е закажан пријателски натпревар со Пелистер, а потоа се враќа во Скопје.