Влахо ја провери формата на меѓусебен тест: Некогаш е позабавно да се победат соиграчите (ФОТО)
Слободен викенд за Работнички во Првата лига. Пролетниот старт кој беше закажан за минатата седмица, го искористи на најдобар начин само нашиот тим. Снежните услови во Струмица и одличната игра на избраниците на Александар Влахо донесоа први три бода пролетва, но тоа донесе и „принудна пауза“ за Работнички поради одложувањето на останатите мечеви од 19.коло кои се презакажани за утре.
За да не се наруши натпреварувачкиот ритам, фудбалерите сепак одиграа меѓусебен контролен натпревар. Понекогаш мотивите да се победат соиграчите од другиот тим се и поголеми.