Александар Грујоски ќе го суди натпреварот Работнички – Силекс
Работнички в сабота ќе го пречека Силекс на Националната арена „Тодор Проески“ во 20.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија ќе биде Марјан Стојановски (сите од Кичево).
За делегат на натпреварот е одреден Сулејман Ибиши од Тетово, а контролор на судењето ќе биде Драге Стојановски од Куманово.