Александар Ставрев ќе го суди натпреварот Шкупи – Работнички
Работнички в недела ќе игра против Шкупи на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, а главен судија на натпреварот ќе биде Александар Ставрев (Скопје). Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, а четврти судија е Константин Влахо.
За делегат на натпреварот е одреден Бернард Симонов од Штип, а контролор на судењето ќе биде Миле Стојчевски (Скопје).