Ново коло – ново докажување (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Победата против Шкупи е вредна три бода, вреди и уште повеќе како мотив дека Работнички може да ги победува и најдобрите, но секое ново коло е ново докажување. Го знае тоа шефот на стручниот штаб Александар Влахо и бара максимална посветеност и фокус од фудбалерите за мечот против Академија Пандев в сабота.
На пролетната премиера, во снежни услови, Работнички оствари минимален триумф против саботниот противник во Струмица, но сега претстои нов натпревар и ново докажување за избраниците на Влахо.
На денешниот тренинг „романтичарите“ одработија неколку тактички варијанти и комплетно се фокусираа на претстојниот меч од 23.коло.