Реми (1-1) против Беласица во Струмица
Работнички одигра 1-1 на гостувањето против Беласица во Струмица. И вторпат нашиот тим не успеа да слави на стадионот „Младост“. Една грешка во одбраната донесе предност за Беласица во првиот дел, а фудбалерите на Александар Влаго пропуштија огромен број шанси за овој меч и на крајот Петар Петковски постигна погодок за реми, 1-1.
Работнички беше многу подобар тим на натпреварот со Беласица. Во 18.минута, едно невнимание во одбраната му овозожи на Бесар Гуџуфи да ја погоди мрежата на Ристе Јанков.
По ова, Работнички тргна многу поофанзивно, Никола Прелчец имаше одлична шанса, шутираше од работ на шеснаесетникот, но голманот Александар Вулиќ имаше одлична интервенција. До крајот на првиот дел, се заканија и Кристијан Стојкоски и Лука Станковски.
Во второто полувреме, вистинска инвазија кон голот на Беласица. Кристијан Стојкоски ја погоди гредата, шанси имаа Никола Прелчец, Марио Станковски кој влезе во 60.минута, на крајот и Петар Петковски.
Петковски во 89.минута успеа да го израмни резултатот, а во следната акција Марио Станковски со удар со глава за малку беше непрецизен. Потоа не погоди и Петар Петковски, и Работнички не успеа да освои уште два бода, што според создадените шанси ги заслужи на овој меч. Но, реализацијата не беше на потребното ниво.
БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-0)
Стадион „Младост“ во Струмица. Судија: Марјан Стојановски. Стрелци: Гуџуфи 18’ (Беласица), Петковски 89’ (Работнички). Ж. картони: Ивановски, Сулев, Милушев, Михаилов (Беласица), Грозданоски, Л. Станковски (Работнички)
БЕЛАСИЦА: Вулиќ, Демир (61’ Коцев), Милушев, Стојков, Михаилов, Шево, Ивановски, Сулев, Калпачки, Гуџуфи (83’ Трајановски), Каланоски (69’ Мијатовиќ).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристески (60’ М. Станковски), Грозданоски, Ѓорѓевиќ, Јевтоски (75’ Тодоровски), Силјановски, Максимов (75’ Петковски), Ристовски, Л. Станковски, Стојкоски, Прелчец.