Триумф против Ренова на пријателскиот меч во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Работнички го совлада прволигашот Ренова со 2-1 на пријателскииот натпревар што се одигра на игралиштето на Алумина во Скопје. Во некомплетен состав, без репрезентативците и без капитенот Горан Силјановски, тимот на Александар Влахо одигра квалитетен меч и на најдобар можен начин ја пополни празнината поради репрезентативната пауза.
Ален Јашаровски ја доведе Ренова во водство реализирајќи ја добрата акција на противникот од десната страна. Но, набрзо Марио Станковски успеа да го израмни резултатот, а до крајот на првото полувреме уште еднаш ја погоди мрежата на Ренова. Убави шанси имаа и Кристијан Стојкоски и Андреј Лазаров, а во второто полувреме и Ренова двапати сериозно се закани, но Бурхан Мустафа имаше одлични интервенции.