Марјан Гоцевски ќе го суди мечот Работнички – Пелистер
Работнички в сабота (13 часот) ќе го пречека Пелистер на Националната арена „Тодор Проески“ во 26.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија е Јосип Бартон (Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Емин Кранли (Ресен), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.