Александар Грујоски ќе го суди мечот Шкупи – Работнички
Работнички в недела ќе му гостува на Шкупи во 29.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра на теренот на комплексот на ФФМ, а одредени се официјалните лица.
Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Никола Иванов (Велес).
За делегат на натпреварот е одреден Николче Ивановски (Битола), а контролор на судењето ќе биде Крсте Даниловски (Скопје).