Пораз (2-0) од Шкупи во 29.коло
Работнички загуби од Шкупи со 2-0 во 29.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо потклекна во завршните минути од овој дуел. Матеј Цветаноски со удар со глава донесе водство за противникот во 79.минута, а во 88.минута Бесар Исени го постави конечниот резултат.
Во најголемиот тек од натпреварот Работнички беше рамноправен ривал. Региналдо се закани по дваесетиа минути игра, а Али Адем со силен удар го погоди дирекот од голот на Ристе Јанков. Марио Станковски имаше обид на спротивната страна, но без посебни проблеми за Наумовски. Кон крајот на првиот дел, Адем уште еднаш шутираше силно, но над голот.
На почетокот на второто полувреме Марио Станковски излезе сам пред Наумовски и го совлада, но погодокот не беше признат поради офсајд позиција. Шкупи поведе во 79.минта по прекин на игра.
Фреди Родригез изведе слободен удар од левата страна, а Матеј Цветаноски со удар со глава од петерецот ја затресе мрежата на Јанков.
Работнички тргна по израмнување, а во 88.минута, по еден противнапад, Јанков ја пресече топката пред Цветаноски, но таа дојде до Бесар Исени на средината на теренот, а тој од прва ја погоди празната мрежа.
Во следното коло, Работнички ја пречекува Шкендија на домашен терен.
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0 (0-0)
Комплекс на ФФМ. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Цветаноски 79’, Исени 88’ (Шкупи). Ж. картони: Трапановски (Шкупи), Ристески, Л. Станковски, Силјановски, Стојков (Работнички).
ШКУПИ: Наумовски, Глигоров, Руатубјаје, Кривањева, Билали (62’ Трапановски), Дијак, Сенгор, Адем, Родригез (89’ Бериша), Региналдо (74’ Исени), Цветаноски (89’ Адеми).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристески (71’ Јевтоски), Кировски (82’ Прелчец), Ѓорѓевиќ, Грозданоски, Стојков (89’ Пецов), Силјановски, Ристовски, Тодоровски (72’ Стојковски), Л. Станковски, М. Станковски.