Триумф (3-1) против Силекс во последниот меч на домашен терен
Работнички го совлада Силекс со 3-1 на последниот натревар на домашен терен во овој шампионат, како дел од 32.коло во Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо одигра квалитетен меч и заслужено стигна до триумф.
Силекс поведе во десеттата минута со погодокот на Свилен Игнатов Штерев. Тој ја следеше акцијата по левата страна и се уфрли навремено во шеснаесетникот за да реализира.
Во 22.минута, Работнички стигна до израмнување. Ѓурѓевиќ убаво го проигра Марио Станковски, а тој со одлична реализација ја затресе мрежата на Силекс.
Во вториот дел, Работнички притисна за триумф и успеа да ја оствари целта. Димитар Тодоровски во 68.минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот донесе предност за „романтичарите“, а две минути подоцна погоди и Фахрудин Ѓурѓевиќ за потврда на победата и конечни 3-1.
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 3-1 (1-1)
Национална арена „Тодор Проески“. Стрелци: М. Станковски 23’, Тодоровски 68’, Ѓурѓевиќ 70’ (Работнички), Штерев 10’ (Силекс). Ж. картони: Кировски (Работнички), Драшковиќ, Дурански, Карчески (Силекс).
РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Силјановски (71’ Ристевски), Кировски, Ѓорѓевиќ, Ристовски, Максимов (85’ Ангелов), Јевтоски (71’ Стојков), Тодоровски (78’ Стојкоски), Л. Станковски, М.Станковски, Ѓурѓевиќ (78’ Лазаров).
СИЛЕКС: Трајковски, Благојевиќ, Драшковиќ, Карчески, Тимовски (84’ Ј. Серафимовски), Манасиевски (59’ Дурански), Штерев (74’ Галевски), В. Серафимовски, Ристов (74’ Мустафов), Тантуровски (82’ Нешовски), Ѓоргиев.