Лука Станковски: Да го заокружиме шампионатот со убаво издание против Ренова
Работнички во последното 33.коло денеска гостува во Гостивар каде ќе ги одмери силите со Ренова. Нашиот тим ќе го заврши шампионатот на петтата позиција, а Лука Станковски, кој по завршувањето на сезоната ќе отпочне интернационална кариера и ќе замине во италијанскиот клуб Момца, сака со убаво издание да се збогува од дресот на Работнички.
„Работнички на секој натпревар оди на победа, ќе биде така и на денешниот натпревар против Ренова, без калкулации, чесно и храбро, затоа што гордост е да се носи дресот на овој клуб. За мене ќе има и посебно значење затоа што се збогувам и почнувам едно ново поглавје во кариерата. Секој момент од дресот на Работнички ќе го паметам засекогаш. Ренова е квалитетен тим и сигурно ќе треба да го дадеме максимумот ако сакаме да извлечеме позитивен резултат“, вели Лука Станковски.
Натпреварот меѓу Ренова и Работнички ќе се одигра на стадионот во Гостивар, а ќе го суди Александар Ставрев.