Иднината на Работнички е во младината
Работнички се потпира на својата одлична младинска школа, а и оваа сезона иако првенствата не завршија поради пандемијата на коронавирусот, академијата работеше максимално и ефектот е веќе видлив. Пионерите кои ги предводи тренерот Вангел Алтипармаковски беа конкурентни за трофеите се до прекинот, а уште поважно е што со одлична работа се подготвуваат нови млади сили кои конкурираат и за сениорскиот состав.
Од оваа надежна генерација, Матеј Ангелов и Бленд Зекири веќе подолг период тренираат со првиот тим, а има уште неколку навистина талентирани момци кои се и репрезентативци во своите возразни категории. Тука се и Матеј Ѓурчиновски, капитенот Петар Алексовски, Борјан Поповски, како и Мухамед Елмас кој е роден 2006 година, а настапува во генерацијата 2004.
Академијата на Работнички работи со жестоко темпо…