Напредак Крушевац, прв тест за Работнички на летните подготовки
Тимот на Работнички ја одработува првата фаза од летните подготовки наменета пред се за подобрување на физичките предиспозиции на фудбалерите, а закажан е и првиот пријателски натпревар. Српскиот клуб Напредак Крушевац прв ќе ја тестира формата на фудбалерите на Александар Влахо.
Мечот со Напредак Крушевац е закажан за 30 јуни, со почеток во 17 часот, во Пехчево.
Првата фаза од подготовките Работнички ќе ја одработи во сопствената база, а потоа ќе замине во Охрид, каде во план е одигрување на неколку пријателски натпревари.